СВЕТ

Турција уапси 234 лица како дел од меѓународна операција против наркомафијата

Турските власти денеска објавија дека 234 лица се уапсени во пет земји во голема меѓународна операција против организации вклучени во трговија со дрога.

Advertisements

„Уапсени се 234 високи членови на организирани криминални групи, 225 во земјата и девет во странство“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја додавајќи дека апсењата се извршени во Холандија, Германија, Шпанија и Белгија.

Меѓу целните групи се членови на организации вклучени во трговијата со кокаин, хероин и екстази низ неколку континенти, рече Јерликаја.

Запленети се повеќе од 21 тони наркотици и имот во вредност од 13 милијарди турски лири (околу 300 милиони евра), додаде Јерликаја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button