ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Тутунарите го ставија протестот во мирување

В понеделник продолжува откупот на тутунот. Тутунарите решија една недела пробно да продаваат тутун и да ги стопираат протестите. Реагираат дека досега тутунот од прва класа се продава по цена како за трета. Дополнително, тутунарите се чудат како проценителите во нивниот тутун наводно нашле камења, круши, јаболка, стакла… па им одбиваат од цената.

Advertisements

„Секоја кутија која нема да биде реално проценета, да биде тргната настрана. Доколку проценителот не се согласува со проценката, да биде доставена до Второстепена комисија. Доколку одбитокот е поголем од 5% и таа кутија да се тргне и веднаш да нè известат нас и Инспекторатот, за да провериме зошто толку е одбиено“, рече Менде Стомнаровски, Сојуз на тутунските здруженија.

Годинава се продадени само 1,6 проценти од тутунот, а лани ова време беа продадени 40%. Се продале 370 тони тутн за просечна цена од 165 денари по килограм. Тоа се околу 990.000 евра. Ако лани просечна цена на тутунот беше 220 денари, годинава тутунарите изгубија 330.000 евра. Тие бараат нови субвенции за да добијат најмалку 200 денари по килограм од тутунот. Во спротивно, најавуваат блокади.

„Ние не бараме ништо туѓо, туку да ни се плати маката. До петок, ќе видиме дали договореното ќе се почитува или не. Ако не, ќе реагираме и во вторник и во среда и во четврток. Ние не дојдовме за да не изманипулираат“, рече Игор Мирчевски, иницијативен одбор.

Од Министереството за земјоделство не планираат да даваат дополнителни субвенции за тутунот. Годишно за тоа веќе трошеле 30 милиони евра. Не се знае дали ќе се укине четвртата класа тутун, а со тоа да се покачи неговата цена. Тутунарите за една недела ќе имаат нова средба во министерството, по што ќе кажат како поминала продажбата и дали ќе протестираат.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button