ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тврдење: На „КАРИЛ“ само прокиснало, немало поплава

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување позната како „КАРИЛ“ по невремето во вторник не прима пациенти, бидејќи дел од нејзините простори беа поплавени. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека не се преземаат чекори за санирање на штетите и за што поскоро враќање во функција на клиниката, која е клучна за терцијарното здравство.

Advertisements

Но, директорот на Клиниката за трауматологија и на Ургентниот центар, Александар Стојкоски, тврди дека „КАРИЛ“ е делумно во функција бидејќи имало само протекување на вода, а не поплава.

Завчера Министерството за здравство информираше дека поради технички проблеми на одделението за интензивна нега „ТОАРИЛУЦ КАРИЛ“, сите пациенти на кои им е потребна интензивна нега и лекување ќе бидат упатени во јавните здравствени установи, до отстранување на дефектот. Пациенти од Скопје во болниците „8 Септември“ и „Свети Наум Охридски“, пациенти од Источна Македонија во болницата во Штип, од Централна Македонија во Битола, а од западна во Тетово./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button