Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

Директорот на болницата за геријатриска медицина, Мухсин Арифи, кадар на Алијанса за Албанците, заврши во притвор, под сомнение за примање мито од 20.000 евра. Во притвор завршило и друго лице кое се сомничи дека било посредник. Акцијата за апсење е спроведена во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавниот обвинител за организиран криминал.
Јавно обвинителство:
„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи, се уапсени два лица под сомнение за кривични дела, примање мито и примање награда за незаконско влијание. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот“.
Директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, се сомничи дека преку посредник побарал и примил мито од 20.000 евра за прием на неподвижен болен во геријатриски објект. Арифи беше избран за директор на Геријатриската болница во јули минатата година кога на чело на Министерството за здравство дојде Арбен Таравари. Претходно ја извршуваше функцијата директор на психијатриската болница. Мухсин Арифи истовремено ја извршувал и функцијата на претседател на огранокот на АА на Таравари во Сарај.
Во првичната реакција, АА вели дека ова е спротивно на принципите кои ги претставуваат, барајќи од органите на прогон праведност без селекција. АА во соопштението вели дека остануваат посветени на борбата против корупцијата и реформата на државниот систем.
„АА апелира до надлежните државни органи што побрзо и ефикасно да ги разјаснат сите околности поврзани со конкретниот кривичен случај. Секој што го прекршил законот треба да носи одговорност, без разлика на етничката, верската или политичката припадност. Давањето правда треба да биде не-селективно и во согласност со сите механизми и основни уставни и законски вредности“, нашиша Таравари на фејсбук.
Во Клиниката за Геријатрија се примаат пациенти постари во потешка здравствена состојба. Се лекуваат пациенти со малигни заболувања, како и пациенти со хронични прогресивни и трауматски заболувања.
Зекирија Хаџиу