Уапсен гевгеличанец за илегално пренесување мигранти од Сирија

Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија синоќа 31 Октомври бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија.
Како што соопшти МВР, М.Г. (21) бил проведен вчера во село Давидово.
-Со патничко моторно возило „фолксваген туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
Македонската полиција инаку на 28 октомври соопшти дека пронашла 77 мигранти на југот на земјата и уапсила седум Пакистанци осомничени за трговија со луѓе. Во полициското соопштение е посочено дека осомничените за трговија со луѓе се уапсени во близина на Негорци, по дојавите за поголема група луѓе во движење.