
Хрватските медиуми јавуваат дека полицијата утрово во акција на Службата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) го уапсила министерот за здравство Вили Берош.
Освен министерот, мета на истражителите се и неколку видни лекари.
Се истражува преплатената набавка на опрема за КБ „Сестри на милосрдието“, а приведен е и раководителот на Клиниката за неврохирургија, проф. д-р. Крешимир Ротим.
„Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на истрага која претходно ја извршил Ускок. Споменатите дејствија се спроведуваат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е високо – рангиран државен функционер за кој постои основано сомневање дека сторил коруптивни кривични дела“, соопшти УСКОК.
Во меѓувреме, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го смени министерот Берош, пишува Индекс.