СВЕТ

Уапсен Калин Ѓорѓеску, кандидатот за претседател на Романија

Калин Ѓорѓеску, кој извојува убедлива победа на неодамна поништениот прв круг од претседателските избори во Романија, е уапсен, објави неговата прес-служба. Ѓорѓеску денеска е запрен во сообраќајот во Букурешт и одведен на распит во главниот обвинител, јавија романските медиуми.

Advertisements

Наводно возилото му било запрено на патот и бил однесен на распит во Јавното обвинителство. Имал намера да поднесе нова кандидатура за претседател, пишува порталот Агора.

Ѓорѓеску не е единствениот кој е приведен – полицијата извршила 47 претреси во домовите на неговите блиски соработници, меѓу кои и Хорас Потра, кој во истрагата се споменува како водач на паравоена група, телохранител на Ѓорѓеску, како и лице за кое се вели дека има врски со политички кругови во Москва. Според романските медиуми, истражителите пронашле големо количество оружје, муниција и дури 900.000 евра скриени во сеф под подот кај Потра.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button