ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсен мажот кој му се закануваше на Јовевски

Во Битола е уапсен мажот кој пред десетина дена му испрати заканувачко писмо на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, дознава „Слободен печат“.

Advertisements

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“. Ова е само дел од писмото со закани по живот кое го добил Јавниот обвинител Јовески. Со препорачана пратка, испратена од Пошта во Битола, се бараше ослободување од гонење на двајца новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Испраќачот се претставил како дел од терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се борела и ќе ги бранела до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Обвинителот Љубомир Јовески пак, изјави дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Писмото, на англиски и македонски јазик, беше пратено до МВР.

Инаку постапката која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на Јавен обвинител.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button