ВЕСТИ
Полицаец и двајца негови соработници уапсени поради изнуда (ВИДЕО)
Полицаец и двајца негови соработници уапсени поради изнуда (ВИДЕО)

Полицијата уапси две лица (С.Д и Н.К) осомничени за изнуда. Заедно со нив е уапсен и полицаец со иницијали М.Р., стациониран во Полициската станица Кисела Вода, поранешен дел од тимот за обезбедување на поранешен премиер.
Извори од истражната група информираат дека се работи за изнуда на бизнисменот со иницијали А.К., додека мотивот на изнудата е покаен долг од 2004 година со вредност од 63.500 евра. Во 2019 година преку смртни закани од бизнисменот биле барани 440.000 евра, додека до 30.06.2022 година на двете жртви, преку трето лице за кое подоцна се покажало дека е полицаец, им биле побарани 560.000 евра.
Во моментов осомничените се во Обвинителството каде можат да очекуваат определување мерки за претпазливост.