ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсен поранешниот директор на Царината, Драган Даравелски

Граничната полиција на Табановце го уапси поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски при обид од Србија да влезе во Македонија со членови на неговото семејство. Против него имало меѓународна потерница поради правосилна пресуда од 7 години затвор за злоупотреба на службената положба, поточно за злоупотреба на 2,5 милиони евра.

Advertisements

Даравелски е осуден поради сомнение дека не враќал царинска такса во државниот буџет, како и за експропријација на службени возила на Царината во име на други институции, со прекршување на законот. Кога започна истрагата против него, тој побегна во Србија. Во 2006 година имаше обид за екстрадиција, но успеа да побегне. Десет години подоцна, во 2016 година, имаше уште еден обид за негова екстрадиција во Македонија, но српските власти ја прекинаа постапката неколку минути пред предавањето откако со задоцнување дознаа дека Даравелски има српско државјанство.

Во 2007 година со правосилна одлука е осуден на 7 години затвор, додека судот нареди и конфискација на имот до вредноста на буџетската штета. Во 2010 година била започната постапка за откривање и одземање на неговиот имот. Меѓу првите средства кои властите ги идентификуваа за управување со одземените имоти беа луксузен стан во Скопје и продавница во Куманово. Надлежните истражиле и откриле повеќе имоти на име на други лица, но кои биле директно поврзани со Даравелски, што довело до конфискација на вила на Водно, чија вредност достигнала 1,4 милиони евра.

Бидејќи износот на конфискациите не ја покривала вредноста на штетата во буџетот, Владата одлучила да му ги одземе акциите вредни 2 милиони евра во неговата фирма „Скотиха“. Потоа акции вредни околу 700 илјади евра од фирмата „Југоопрема“, поранешната фабрика за цигли во Куманово „КИК“ и уште три фирми: „Козјак“, „Трготекстил“ и ЗИК „Скачковце“ во Куманово. Голема вредност на акции му беше одземена и од две банки во кои Даравелски имал сопствеништво, односно ИК Банка каде имал 2,5 отсто од акциите и СТАТЕР банка од Куманово.

Даравелски беше најмоќен меѓу 1998-2002 година кога беше на чело на Царината. Тој беше познат како десна рака на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button