МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец за издржување казна затвор

Уапсен скопјанец за издржување казна затвор

Полициски службеници уапсиле скопјанец баран со централна потерница за издржување казна затвор од четири години, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

“Завчера во 22:25 часот во с.Марино-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(53) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторени кривични дела по чл.247 и чл.378 од КЗ на Република Северна Македонија”, посочуваат од МВР.

Лицето било спроведено во КПУ Идризово за издржување на казната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button