ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсени 4 лица поврзани со тероризам

Уапсени 4 лица поврзани со тероризам

Извршени се претреси на повеќе локации во Гостивар и Струга и уапсени се четири лица кои биле вклучени во терористичка организација, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот рече дека приведените имале и контакт со лица надвор од земјава, но не откри за која држава конкретно станува збор. Акцијата се одвивала по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и организација, а во неа биле вклучени и партнерски меѓународни служби. Во оваа фаза, Тошковски вели дека се обезбедени голем број докази против лицата лишени од слобода.

Advertisements

„Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани коишто би можеле да ја загрозат безбедноста, како на Македонија, така и на други држави„, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Мотивите на оваа терористичка ќелија се поврзани со одредени групации коишто се во поддршка на одредени екстремистички религиозни терористички групи, додаде министерот, но без да открие дали во овој момент во истрагата се опфатени и верски лица од некои други земји. Тој рече дека приведените лица дејствувале во земјава во насока на тоа да привлечат што е можно повеќе лица да станат дел од оваа терористичка група.

„Нивната цел била да индоктринираат, да коптираат, останати луѓе од овие простори од Балканот коишто би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели. Следени се подолг период, пак ќе повторам, од страна на безбедносните служби во Македонија и по насока на судот и обвинителството е постапено така како што е постапено од страна на МВР. Во текот на овој ден ќе бидат истите изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки соодветно надлежнсота на судот„, додаде Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Во членот 394-А од кривичниот законик според кој ќе биде поднесено обвинение против овие лица, стои дека секој оној што создава група, банда или друга злосторничка организација за убиство, телесно повредување, грабнување на лица или уништување на јавни објекти со што се создава чивство на несигурност или страв кај граѓаните ќе се казни со затвор од најмалку осум години. За припадникот пак на оваа терористичка група, кој помага во делата на кој било начин, предвидени се затворски казни од четири до десет години./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button