Уапсени две лица за убиството пред „Мавровка“, од МВР велат познат идентитетот и на третоосомничениот, кој е во бегство
Уапсени две лица за убиството пред „Мавровка“, од МВР велат познат идентитетот и на третоосомничениот, кој е во бегство

Убиство, под мистериозни околности, во раните утрински часови на паркинг пред Т.Ц Мавровка. Според, засега, неофицијални информации, се работи за лицето Васил Ефтимов, кој имал бизниси со продажба на накит во скопски Аеродром и бизнис со материјали за водовод.
Убиецот, според очевидци, брзо го отворил багажникот на автомобилот на жртвата, земајќи оттаму лаптоп и брзо си заминал со автомобил Цитроен со белгиски регистарски таблички. И сопругата на жртвата за неколку минути дошла на местото на настанот, го пријавила случајот, но итната помош констатирала смрт.
Како што информираа од МВР, од страна на полицијата веднаш биле преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, претрес на домови и возила, во кои биле вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На местото каде се одвивала размената на оган на теренот, бил и пиштолот со кој се тврди дека убијците го извршиле делото.
Зад мене има полициски автомобил, кој го блокираше патот што води до едниот автомобил, пронајден на шумата Гази Баба и за кој се претпоставува дека е вмешан во убиството кај Мавровка.
Две лица се приведени, а од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.
„ На подрачјето на општина Чаир, забележан е патнички автомобил, кој се обидел да побегне, додека лицата од возилото дале отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При понатамошните мерки, едно лице е лишено од слобода, а полицијата го знае и идентитетот на третоосомничениот кој е во бегство и по кого се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, велат од МВР.
Се уште не се познати мотивите за убиството на Васил Ефтимов и важноста на материјалите што убијците му ги одзеле од автомобилот, меѓутоа извори на Алсат дознаваат дека убијците се лица со криминални досиеја, вклучително и за престрелка во минатото, во населбата „Јахја Паша“./Алсат.мк
Линда Ебиби