ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсени трпјца нарко дилери во струмица, пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Уапсени трпјца нарко дилери во струмица, пресечен меѓународен канал за трговија со дрога

Полицијата разбила меѓународен канал за трговија со дрога, а три лица се лишени од слобода, откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите зборови, станува збор за поголема количина на дрога која била превезувана во Струмица, а која требало да биде пренесена надвор од границите на нашата држава.

Advertisements

“Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица поточно, разбија еден меѓународен канал за нелегална трговија со дрога и успеаја да запленат некаде околу 100 килограми марихуана, која што беше превезувана на територија на СВР Струмица, целта на транспортот беше истата дрога да биде изнесена од територија на Македонија, согласно првичните информации коишто ги имам.
Неофицијално, дрогата требало да заврши во Бугарија или Грција. Полицајците од СВР Струмица вчера имале несекојдневна акција и филмско апсење на нарко-дилерите, а Тошковски најави дека ќе бидат наградени за својата храброст”, рече министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Информиран сум дека ова било доста – еве така кажано филмско апсење на криминалците кои ја транспортирале дрогата, така да, благодарност до нив, честитки за сработеното и информиран сум од началникот на СВР Струмица дека ќе даде предлог да бидат наградени полициските службеници кои учествуваа во рамки на ова акција, а јас со задоволство ќе го прифатам предлогот„, додаде тој.
Од тројцата уапсени лица во оваа акција двајца се жители на Скопје, додека едно лице е од Струмица. Полициската истрага дополнително ќе треба да утврди каде точно требало да заврши дрогата и кој се друг е клучен во овој криминал./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button