ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Убиството во Бутел поврзано со пукањето во холот на познат скопски хотел во 2019 година?

Полицијата работи на откривање на мотивите за вооружениот напад синоќа во скопски Бутел каде беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, а тешко ранет неговиот 24-годишен внук. Извори од МВР велат дека работат на неколку траги, но најверодостојна е онаа поврзана со вооружениот судир пред две години, кога вооружена група отвори оган кон лица кои седеа во фоајето на еден познат хотел во Скопје. Полицијата не дава информации што претходело на трагичниот настан.

Advertisements

„Неколку лица пукале кон возилото каде се наоѓал К.И., кој починал на лице место, додека другото лице со иницијали Л.П. е пренесено во болница каде му се констатирани тешки телесни повреди“, наведоа од МВР.

Осврнувајќи се на информациите од кривичното досие, медиумите известуваат дека жртвата била позната за полицијата. Во написите објавени веднаш по настанот се вели дека Камбер Идризи бил убиен на местото на настанот, а кон возилото биле испукани дури 90 куршуми со калашников. Понатаму се тврди дека со него бил неговиот 24-годишен внук од скопско Арачиново. Јавниот обвинител и истражните органи пронашле десетици чаури и два шаржера од автоматски пушки, кои ќе бидат дел од доказите. Сведоци тврдат дека нападот го извршиле најмалку две лица од црн џип.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button