ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Убиството во Тетово, се трага по можниот сторител

Убиството во Тетово, се трага по можниот сторител

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по вчерашното убиство на Р. Т. на улицата „Штипска“ во Тетово имаат основи за сомневање за можниот сторител. Убиството беше пријавено синоќа во 20 часот и 35 минути по што полицијата со Основното јавно обвинителство Тетово формираше екипа, која изврши увид.
„На улицата „Штипска“ во Тетово, автомобил од типот мерцедес кој бил во движење, пукал кон автомобилот БМВ, каде се наоѓало лицето Р.Т. 39-годишен тетовец, а од здобиените повреди починал на местото на настанот. Припадници на тетовската полиција и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Полицијата од Тетово трага по лицето поврзано со овој случај, но јавниот обвинител ќе соопшти други детали бидејќи сме во истражна и предистражна постапка и не можеме да се мешаме во постапката“.
Со детали излезе и Обвинителството. Според соопштението, се прибираат сите докази за вооружениот инцидент.

Advertisements

„Истрагата е извршена на местото на инцидентот. Јавниот обвинител нареди обдукција, обезбедување на снимки од камерите во објектите во населбата, автомобилот и други докази за понатамошна истрага. Министерството за внатрешни работи ја продолжува потрагата по откривањето на извршителот“, се вели во соопштението на Основното обвинителство Тетово.

Според информациите на Алсат, постои сомневање дека случајот е поврзан со настанот од пред неколку месеци кога имаше престрелка пред итната помош во Тетово, на која и претходела вербална расправија пред тетовскиот суд. При овој вооружен инцидент на 11 јануари годинава беа ранети двајца браќа од тетовското село Гајре, од кои едниот подоцна почина. Пукање имало и на 11 април, кога со автоматска пушка бил пукано кон објект на улицата „Илиниден“./Алсат.мк

Башким Сулејамани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button