ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учебникот по историја ќе доцни оти нема кој да го рецензира

До вчера во Скопје, според информациите што ги имам, се доставени учебниците за шесто одделение, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Advertisements

Во однос на учебникот Историја и општество за петто одделение, кој во мај беше повлечен од настава поради грешки во содржината, министерот рече дека бил формиран нов авторски тим, но, исто така, посочи дека во завршна фаза е ракописот за Историја за шесто одделение. Проблем за нив е немањето рецензенти.

„МОН неколку пати се обраќа до факултетите да достават рецензентска комисија и претседател за и тие учебници да бидат готови. Се работи за технички фактор – пријавување на рецензенти. Секојдневно комуницираме со универзитетите за професори да се вклучат во рецензентските тимови. Мислам дека за брзо време Педагошката служба ќе извести и сигурен сум дека и за тие учебници ќе има рецензенти и ќе бидат завршени“, додаде Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button