МАКЕДОНИЈА

Учењето преку интернет, ортопедите предупредуваат за последици

Учењето преку Интернет, покрај тоа што ги стави децата пред предизвикот да се прилагодат на новиот начин на совладување на материјата, може да предизвика и деформации на ‘рбетниот столб, очни болести, проблеми со циркулацијата или дури и дебелина. Ортопедот Резеарт Далипи, апелира до родителите да ги охрабруваат децата да прават истегнување на екстремитетите на секои 30 минути, со што ќе избегнат здравствени компликации, за чие надминување може да бидат потребни години.

Advertisements

Значи, од погрешен начин на седење може да се појават кифоза и сколиоза, чии последици се појавуваат понатаму. Затоа, се претпочита децата, откако ќе имаат пауза за време на учењето преку Интернет, по 30 минути, пет минути да се движат и да прават истегнување на телото и грбот. Од долг престој пред компјутер, децата исто така се изложени на ризик од обезитет, па затоа се претпочита овие деца да се занимаваат со физичка активност. Обично, возраста на која растат децата, кога се развиваат и ако не се забележува на време деформитетите на ‘рбетниот столб, како што се кифоза и сколиоза, последиците може да бидат уште поголеми, бидејќи може да се појави и спондилоартритис и разни дископатии“-рече Резарт Далипи, ортопед

Друг предизвик ќе биде ресоцијализацијата, бидејќи учениците веќе поминуваат неколку месеци на некаков начин изолирани, пред компјутер или на телефон. Социологот Али Пајазити вели дека по пандемијата, децата ќе имаат потешкотии во комуникација. Тој ги советува родителите да зборуваат повеќе со своите деца, за да ги олеснат овие последици.

Ова ќе биде многу тежок процес за нив, имајќи предвид дека во семејни средини тие можеби доживеале траума, проблеми или кавги во семејството. Тие ќе имаат проблем со учењето, бидејќи се навикнати сè да им биде на дисплеј или монитор. Враќањето на наставата “face to face” ќе биде тешко за нив, бидејќи помина долг период. Наставниците ќе имаат проблем да ги поттикнат да комуницираат, затоа што е создадена бариера во комуникацијата лице в лице“- изјави Али Пајазити, социолог.

Врз основа на некои студии се предлага децата под двогодишна возраст да не поминуваат никакво време пред екранот. Додека за оние на возраст над две години ова време е ограничено на не повеќе од два часа.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button