МАКЕДОНИЈА

Ученици и родители од Љуботен и покрај најавите не влегоа на часови во училиштето

Учениците од четврто до деветто одделение кои посетуваат настава во основно училиште „Лиман Каба“ во Љуботен. Во 8 часот наутро дојдоа во дворот на училиштето за да присуствуваат на часови, почнувајќи од денеска со физичко присуство и покрај одлуката на Министерството за образование, учениците од четврто до деветто одделение, да следат настава преку Националната платформа.

Advertisements

Предупредувањата беа дека децата ќе влезат во училниците денеска за да следат настава седнати во училишните клупи. Такво нешто, како што дознава Алсат, не се случило, бидејќи директорката на училиштето, која иако вели дека имаат услови за реализација на наставата со физичко присуство, ги известила родителите дека не може да ги прими децата, бидејќи секое прекршување на одлуките на Владата се санкционираат. Но, родителите не се колебаат во ставот за бојкот на он лајн наставата.

„Имам три деца во училиште во осмо, седмо и четврто одделение. Условите за он лајн не можеме да ги исполниме а Интернетот е слаб. За простор можеби некој има, а некој нема. Ниту 5% од учениците не можат да ги исполнат условите што ги бара министерката за он лајн учење“, вели еден родител.

„Ние ги прифаќаме и санкциите, само за да можат децата да учат на училиште … Нека донесат за секој ученик лаптоп или опрема за учење дома, тогаш нема проблем“, рече Суан Салиу – претседател на Советот на родители.

„Одлучивме така, бидејќи немаме услови да ги учиме децата. Тие најавија санкции затоа што сакаат да ги продаваат компјутерите, не навлегувајќи во детали дали можам да купам компјутери за пет деца“, додава еден родител.

Членови од персоналот на Основното училиште „Лиман Каба“, велат дека има ученици кои се приклучуваат на он лајн учење, но додаваат дека недостатокот на услови го прави тој број многу мал. Друг проблем што треба да се реши е опремување на наставниците со средства за работа.

„Нашето училиште ги исполнува условите, можеби не 100%, за физичко присуство. Иако се обучени наставниците, училишната опрема не е доволна. Побаравме од општината да ја смени Интернет мрежата. Наставниците ќе ги обезбедат со таблети, но тогаш се јавува проблем како ќе бидат снабдени учениците и родителите“, велат тие.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button