МАКЕДОНИЈА

Ученици од Куманово без превоз до Скопје, плаќаат од свој џеб

Учениците од Куманово кои учат во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, немаат организиран превоз. Станува збор за ученици чии специјалности ги нема во медицинското училиште во Куманово. За Алсат велат дека цената на билетите е прескапа за нивните семејства.

„Автобускиот билет е 170 денари, ни требаат 340 денари само за превоз, изминатите години тоа не беше проблем. Со тие пари можеме да го поминеме денот, храна и пијалок, сè што ни треба и сега ни требаат бонус. Ако продолжи вака, тогаш ќе се обидеме со бојкот да најдеме решение.“

„Не можеме да платиме за пат, губиме многу часови, тоа лошо ни влијае. Ние како ученици од Куманово не сакаме да ја пропуштаме наставата што ни е многу важна, како теорија, така и пракса. Едноставно, сакам и се молам ова да заврши, да најдат решение, да не пропуштаме премногу настава“, реагираат учениците.

Некои од родителите велат дека учениците пропуштаат часови поради неможноста да обезбедат пари за да одат на училиште.

„Бараме можности, решенија. Или ќе се реши овој проблем или ќе најдеме друг начин или ќе ги известиме учениците дека не можеме да си ја дозволиме оваа цена. Се случуваше син ми да не присуствува на настава, се случи два дена минатата недела да не отиде“, рече Арменд Селмани, родител.

Директорката на средното медицинско училиште, Маја Сали за Алсат рече дека за неколку дена ќе заврши постапката за потпишување договор со превозник. Постапката се оддолжила поради бројните рокови за регистрација. Притоа, таа тврди и дека ќе се испитаат сите законски начини за надоместување на досегашните трошоци на учениците.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button