ВЕСТИРЕГИОН

Ученици во Црна Гора си го запалија училиштето!

Полуматуранти од основното училиште во Доња Горица во Црна Гора со пиротехнички средства го запалија училиштето за време на прославата за крај на основното образование.

На профилот на Инстаграм „Подгорички времеплов“ објавено е видео од пожарот, каде што е наведено дека истиот е предизвикан од пиротехника.

Како што се гледа на видеото, чадот е висок неколку метри, а огнот го зафатил и покривот на училиште то „Владо Милиќ“.

Директорката на училиштето Ивана Милиќ изјави дека нема повредени и оти штетата допрва ќе се утврдува.

Таа за новинарите пред училиштето изјави дека инцидентот се случил околу десет часот.

На терен излегле пет екипи со 15 пожарникари.

„Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни. Пожарникарите имаа проблеми при приближувањето и пристапот до овој дел од училиштето, но со помош на чуварот успеаја“, изјави раководителот на Службата за заштита и спасување Подгорица, Здравко Блечиќ и додаде дека штетите на училиштето се големи.

„Влагата и водата од гаснењето може да предизвикаат штети и во училниците“, рече Блечиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button