Учениците албанци на Нерова во Крушево, втора недела бојкотираат настава
Учениците албанци на Нерова во Крушево, втора недела бојкотираат настава

Во основното училиште „Никола Карев“ на село Норово во Општина Крушево, започна втората недела од бојкотот на наставата. Децата и натаму ќе останат дома поради лошите услови за учење. Родителите повторија дека нема да ги пуштат децата во училиштето се додека надлежните институции не дозволат реализација на градежните работи, и легализација на новата училишна зграда која во моментов ја градат жителите на селото.
Министерката за образование, Весна Јаневска, призна дека за оваа проблематика била информирана од медиумите, потсетувајќи ги родителите дека не треба да дејствуваат сами кога станува збор за училишна установа. Министерката Јаневска, рече дека одговорност треба да сноси и градоначалникот на Општина Крушево, кој изјави дека не знае кој стои зад изградбата на оваа училишна зграда.
Градоначалникот на Крушево Тони Христоски, за Алсат изјави дека ќе се разгледа секоја можност новата училишна зграда да не се урива, туку да се стави во служба на учениците и наставниот кадар. Христоски потсетува дека генезата да не се легализира новата училишна зграда која е веќе во изградба, но и старата, датира многу години наназад, по територијалната поделба од 1996 година. Жителите на селото Норово од минатиот понеделник протестираат пред училишната зграда, откако полицијата ги запре градежните работи на објектот и според жителите, се разгледувала одлуката за уривање на објектот поради немање одобрение за градба од институциите. Според градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, околу 90% од објектите во селата на оваа општина се без план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде учениците во моментов посетуваат настава./Алсат.мк
Мелихате Рустеми