ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците Албанци сè уште учат од книгите кои поттикнуваат омраза

Учениците Албанци сè уште учат од книгите кои поттикнуваат омраза. Станува збор за книгата географија за втора година каде се вели дека Албанците биле Македонци и дека со прифаќањето на исламската религија, станале Албанци. Реагира коалицијата АА-Алтернатива барајќи одговорност од министрите на ДУИ кои го дозволија ова потценување.

„Меѓу Албанците во Македонија има племиња кои се сметаат за автохтони, главно тие се македонско население кое за време на турското владеење ја прифатиле исламската религија и постепено станале Албанци. Меѓу нив има турско, ромско или черкеско племе.

Ова е само дел од книгата по географија што учениците го учат во втора година средно училиште.

И покрај бројните ветувања од првите луѓе на Министерството за образование кои по 2002 година беа Албанци, за коригирање на скандалозните грешки во многу учебници, книгата Географија издадена за прв пат во 2002 година од авторите Драган Василески, Благоја Маркоски, Никола Панов, Никола Димитров и Ѓорѓи Павловски продолжува да се издава со иста содржина.

Фатмир Амити, професор во гимназијата Зеф Луш Марку, вели дека им објаснил на учениците дека овој текст е тенденциозен.

Пред неколку месеци, министерката за образование Царовска вети системски промени во подготовката на наставните материјали од март годинава. Алсат упати прашања до ова министерство за тоа до каде е составувањето на новата методологија, но досега нема конкретни одговори.

Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива преку соопштение за јавноста реагираше остро на молкот на институциите по ова прашање. Според нив, овој институционален презир е направен со знаење и одговорност на министрите на ДУИ, кои со годините дозволиле вакво оцрнување на Албанците од страна на државните институции. Оваа коалиција бара измена и дополнување на законот за учебници:

– Концепцијата на учебници за учениците Албанци да се реализира од албански автори

– Конкурсот за нови книги треба да има форма каде што ќе бидат прифатени најмалку две најдобри книги од двата јазика, така што темите од мултиетничката комисија за подобар квалитет на книгата да можат да се комбинираат.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button