Учениците ќе учат само ракописни, а не и печатни букви
Учениците ќе учат само ракописни, а не и печатни букви

Новиот концепт на настава, кој во учебната 2022-2023 година ќе ги опфати второто и петто одделение, повторно наиде на критики од познавачите на образованието. Професорот Авзи Мустафа вели дека букварот за второ одделение предвидува учениците да ги учат само ракописните, но не и печатните букви, како што беше вообичаено за ова одделение. Како што вели, ова ќе предизвика потешкотии и кај учениците и наставниците.
„Јас сега ги прашувам, што сакаат со ракописните букви, големи и мали, бидејќи нема кој да пишува букви, сè што гледаат и перцептираат учениците е напишано со печатни букви, книгите се со печатни букви, титловите на телевизија се со печатни букви, разните реклами, не знам која е целта на таа група експерти, како ќе го реализираат и што ќе постигнат. Ракописот бара повеќе работа, повеќе посветеност, може да дојдеме до степен ученикот да не е заинтересиран“, изјави Авзи Мустафа- професор .
Професорот Мустафа го изразува својот револт поради малиот број часови по мајчин јазик, пет часа неделно. За разлика од Македонија, Албанија има 10 до 12 часа неделно мајчин јазик, додека Косово има 8 или 10 часа. Според него, малиот број часови ќе предизвика стагнација во пишувањето и читањето.
„За да имаме ученик кој ќе знае убаво да чита, рецитира и пишува, секако мора да имаме повеќе часови. Потребни се најмалку 10 часа мајчин јазик за да можете да го научите. Не ги знам причините зошто има толку малку часови на штета на мајчиниот јазик, кој е основата врз која треба да се насочуваат, се одржуваат многу мал број часови“, рече Авзи Мустафа- професор.
Дигитална табла, компјутер, дигитална опрема како камера, телефон, телевизија или радио, но и логички табли, градинарски алати и многу други, се само дел од опремата што ќе им биде потребна на учениците од второ одделение за реализирање на програмскиот план. Бирото за развој на образованието веќе ги објави наставните планови и програми за предметите од второ и петто одделение, а Министерството за образование го чека објавувањето на новите учебници за овие предмети.
Мелихате Рустеми