ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците на Визбегово и оваа учебна година ја започнаа без организиран превоз

Учениците на Визбегово и оваа учебна година ја започнаа без организиран превоз

Учениците на Визбегово и оваа учебна година ја започнаа без организиран превоз. За да стигнат до училиштата „Пенко“, „7 Март“, „Исмаил Ќемали“ и други училишта во општините Бутел и Чаир, учениците се принудени да пешачат до 4 километри или да платат такси услуга, 150 денари во еден правец. Поради недостиг на превоз, учениците често го пропуштаат првиот час.

Advertisements

„Принудени сме да доаѓаме пешки бидејќи нема автобус, а дома одиме со автобус број 9 колку да не останеме тука. Наставата започнува во 7:30, но мора да бидеме во 7:20 за да се редиме. Некогаш доцниме, ни ја затвораат вратата од училиштето, не можеме да влеземе во првиот час. Не пуштаат на вториот час“, рече една ученичка.

„Многу лошо без автобус, се собираме за да одиме сите заедно на училиште. многу е лошо вака. Дали наутро има автобус кој доаѓа и за други патници? Доаѓа број 18, но понекогаш доаѓа понекогаш не. Се будиме во 6 часот, се облекуваме, ако не дојде автобусот, принудени сме да одиме пешки“, додаде таа.

„Секоја година се повторува истиот проблем, секој ден се заморуваме одејќи пешки, не е во ред. И ние сме ученици како другите, сакаме да имаме превоз до училиште. Денеска дојдов со такси до автобуската постојка број 9, па со автобус. Колку ве носи такси до овде? Понекогаш 100-150. Многу трошоци, треба да земеме пари и за храна“, рече еден ученик.

Родителите на децата велат дека веќе се уморни од овој проблем. Доколку општината не понуди решение, родителите ќе излезат на протест.

„Секоја година мораме повторно да аплицираме. Знаат дека учебната година започна. Не добиваме одговор и треба да се активираме како и секоја година, со протести, блокади. Ќе се собереме повторно и ќе донесеме одлука затоа што навистина сме уморни веќе од истиот проблем секоја година“, изјави Луан Бафтјари, Совет на родители.

Од општина Бутел во моментов не даваат никакво објаснување за недостигот на организиран превоз за учениците од Визбегово. Во ноември минатата година привремено беше обезбеден јавен превоз за мал дел од учениците на Визбегово, по неколкудневните протести на жителите од оваа населба. Поради немање на основно училиште во Визбегово, над 1.400 ученици од оваа населба се принудени да учат во различни училишта во три општини во Скопје: Бутел, Чаир и Шуто Оризари./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button