Учениците од Матка патуваат над 5 километри пеш за да се школуваат
Учениците од Матка патуваат над 5 километри пеш за да се школуваат

Ермира Бислими е од селото Матка, ученичка во прва година во средното училиште во Општина Сарај. Поради немање на на јавен превоз во Скопје, Ермира заедно со уште 23 ученици од ова село секој ден пешачат околу 5 километри за да стигнат до училиштето.
Атмосфера при одење пеш.
Ермира замина два часа порано за да пристигне во првиот час од наставата.
„Те видовме како пешачиш до училиште, дали ги поминуваш овие километри секој ден? Да, секој ден е исто, проблемот е поголем навечер кога сме втора смена, денски полесно се стигнува до тука, но навечер тоа е проблем. Дали доаѓате тука од село секој ден? Нема автобуси со бројот дванаесет, ниту други автобуси. Кога одите е ден , но кога се враќате? Или нè земаат автомобил или со такси, па дури и пеш мораме да одиме. Тешко е? Многу„, рече Ермира Бислими – ученичка.
Од овој дел на патот за селото Матка има околу 5 километри, додека Ермира секој ден го поминува овој пат за да оди во средно училиште во прва година во гимназијата во Сарај. Со овој проблем се соочуваат 23 ученици од селото Матка.
Покрај Ермира, и многу други девојки кои се во средно училиште патуваат пеш за да се школуваат.
„Тешко е бидејќи сме повеќе девојки, но успеваме некако, одиме пеш повеќе отколку со превоз. „Колку километри? До Сарај секој ден пешачиме по 8 километри за да одиме на училиште и за да дојдеме“, рече Мелика Реџепи – ученичка.
Жителите на селото Матка веќе неколку пати го побараа своето право на јавен превоз, но нивното барање беше игнорирано од страна на скопското претпријатие за јавен превоз.
„Детето кога има превоз и родителот е побезбеден, на улица ноќе кога ќе се вратат од училиште можат да бидат нападнати од кучиња и кој ќе преземе одговорност тогаш, само родителот се жали„, рече Пајазит Синани – Жител на Матка.
Славица каде работите? “Работам во државната болница во центар. И како одите? Никако, ако некој застане да ме земе, ако не, ќе ми избега автобусот со број 60, нема ни 12 или 60. Во 8:40 е 60 и одење и доаѓање пеш. Ќе ме јадат кучињата, луѓе! Колку километри пешачите? Од Матка до Шишова има 5 километри, пет за назад, секој ден од 10 километри не е само еден ден ова прашање“, нагласи Славица Илиевска – жителка на Матка.
Во телефонски разговор со директорот на Јавното Сообраќајно Претријатие на Скопје, Драги Кушовски, побаравме одговор за превозот на Матка, и за другите скопски села. Тој ни кажа дека решение ќе има, но без прецизира конкретно кога – одговор не добивме ни на испратените прашања по електронкса пошта како што побара да му ги испратиме. Жителите на селото Матка за оваа недела најавуваат протест доколку не се реши проблемот со јавниот превоз на ова село./Алсат.мк
Авни Тахири