Учениците од Визбегово, од денеска останаа без превоз

Некои пеш, некои со автомобил во придружба на нивните родители, а многу други ученици од Визбегово користат такси услуги за да стигнат на настава во основните училишта во општина Чаир, откако им беше прекинат организираниот превоз. Учениците велат дека недостигот на превоз честопати е причина тие да ги пропуштат часовите, пишува Алсат.
„Дојдов со кола, ме донесе татко ми, штета што нема превоз до училиште.
За други денови како ќе правите?
Не знам, многу лошо е вака. Можеби со такси или автобус број 9, треба да одиме пешки, лошо е за нас децата“, рече една Ученичка.
„Не е во ред, треба да пуштаат автобус. Треба да имаме автобус и ние сме луѓе како другите“, рече еден Ученик.
„Родителот беше принуден да не донесе на училиште. Со нас земавме и други за да не останат без настава. Други денови морам да направиме нешто сите да се организираме, пешки или со такси, но таксито е многу скапо. Често се случува да ни напишат неоправдани, да не не примаат да влеземе на половина час и треба да почекаме да почне следниот час и да влеземе“.рече една Ученичка.
Родителите се револтирани и додаваат дека општина Бутел ги дискриминира овие деца .Како што рекоа, доколку не се постигне брзо решение, родителите заедно со децата ќе протестираат на улица.
„Апелирам до градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, да преземе мерки по ова прашање. Не можеме да оставиме работа и да ги носиме децата на училиште и потоа пак да ги земаме од училиште. Не се само моите деца, во ова училиште учат 128 ученици, градоначалникот на општината треба нешто да направи. Децата доаѓаат пешки, јас на работа сум од седум утрово до четири не можам да излезам и да ги земам децата од школо. Некои треба да однесеш, други да земеш. Апелирам да преземат некоја мерка, тоа е нивна работа, а не наша“, рече еден Родител.
Пред неколку дена општина Чаир одлучи од денеска да биде во прекин јавниот превоз за учениците од Визбегово и сите останати кои не припаѓаат на оваа општина, а учат во училиштата во Чаир. Градоначалникот на општината, Висар Ганиу рече дека ваквата одлука доаѓа како резултат на економската и енергетската криза и во исто време поради непочитување на договорот за превоз на учениците на Визбегово од страна на општина Бутел. Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, призна дека општината има многу долгови кон ЈСП но дека, според него, истите ќе се враќаат на рати . Поради недостиг на училишен објект во Визбегово, околу 200 ученици од оваа населба од Бутел настава следат во речиси сите основни училишта во општина Чаир./Алсат.мк
МЕЛИХАТЕ РУСТЕМИ