ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зимскиот распуст учениците го поминале повеќе по лекари отколку на прошетка

Зимскиот распуст чениците го поминале повеќе по лекари отколку на прошетка

Основните и средните училишта пак ги отворија вратите за учениците да го продолжат наставниот процес во второто полугодие. Тринеделната пауза за некои ученици бил долг, бидејќи не сакале да пропуштат настава. За многу други ученици, одморот поминал со сезонски грип.

Advertisements

„Беше малку долго, но беше добро. Од многу одмор ги забораваш се што си научил“, рече една ученичка.

„За време на зимскиот распуст ја посетив Германија, ја прочитав лектирата „Пепелашка“ и научив по Албански јазик. Да не бешеболна додека бевте на одмор? Да, два дена. „Какви симптоми имавте? Со температура 42 степени, само температура, брзо помина“, додаде друга ученичка.

„Беше многу добро, но беше малку тешко со грипот. Дали го помина со антибиотици или пак беше во болница? Не во болница, туку со антибиотик. Ми беше тешко имав температура, грлото и кашлицата беше многу лошо. Другиот дел, по опоравувањето како го помина? Ја прочитав книгата „Беса“, рече една ученичка.

Директорот од основнотоучилиште во Арачиново рече дека од првиот ден на наставата ќе се евидентираат отсуствата на учениците за да се види реалната состојба на учениците погодени од сезонски грип или други вирусни инфекции.

„Лично сум сведок дека денес не сум сретнал ниту едно дете кое има здравствени проблеми или симптоми на грип што може да се детектираат, како што се кашлање, осип, кивање. Греењето е обезбедено за децата, тие ќе имаат топол објект до крајот на сезоната“, рече Рефик Салиу, директор на ОУ „Абдил Фрашери“ Арачиново.

Учебната година ќе заврши на 10 јуни. Во меѓувреме, пролетниот распуст е укинат со образложение дека тоа го побарале родителите и учениците во истражувањето спроведено од Министерството за образование./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button