ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците во Блаце, девет месеци без јавен превоз

Учениците во Блаце, девет месеци без јавен превоз

Автобуската линија 81 веќе 9 месеци не транзитира до село Блаце и обратно. Поради немање на јавен превоз во ова село ,учениците од средните училишта немаат можност да стигнат на настава. Во отсуство на автобус, учениците велат дека губат часови а имаат и многу изостаноци. Како што велат, и покрај тоа што имаат бесплатен автобуски билет, никогаш не го искористиле.

Advertisements

„Не го користиме месечниот билет. Автобусот не дошол ниту еднаш. Принудени сме да доаѓаме на училиште со се што можеме, да не отсуствуваме. Имаме многу изостаноци, но не сме ние криви, виновен е некој друг, се трудиме да ги поправиме, да имаме повеќе часови, но тоа е проблем“, рече Алмир Јахи, ученик.

„Многу е тешко бидејќи не можеме да патуваме, треба да викнам некој од семејството да дојде на училиште, за да не пропуштам настава. Би сакала редовно да доаѓам на училиште како моите другари, за да добијам повисоки оценки, но што да правиме? Поради превозот имаме лоши оценки и отсуствуваме“, рече Бесмира Лусјани, ученик.

Мнозинството ученици од село Блаце учат во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје. Наставникот Фарук Реџепи за Алсат вели дека ситуацијата негативно се одразува на развојот на учениците.

„Кога зборуваме веќе за отсуство, се губат првиот и вториот час, не сметајќи ги последиците и психолошките загуби. Има најмалку 60 ученици, 15 ученици во прва, втора, трета и четврта година, минимум 60 не ги вклучува оние кои се вонредни и патуваат од село Блаце. 90% од нив…можеме да ги отвориме и електронските дневници, ќе видите дека имаат изостаноци, оправдани е, но секој ќе има над 100 оправдани изостаноци“, нагласи Фарук Реџепи, наставник во гимназијата „Зеф Луш Марку“.

Покрај учениците од Блаце, наставникот Реџепи рече дека големи загуби трпат и учениците од скопските населби и села бидејќи користат приватен превоз за да стигнат до училиште, поточно автобуските линии 9 и 19. Според гимназијата „Зеф Луш Марку“, околу 20 отсто од учениците од ова училиште отсуствуваат во првиот час поради нередовниот приватен превоз. Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека првпат е информирана за ова прашање и најави дека ќе го разгледа ова прашање со Град Скопје и со Советот на општината./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button