ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците во Љуботен ја завршија годината во мувлосани училници

Учениците во Љуботен ја завршија годината во мувлосани училници

Околу 400 ученици од ОУ „Лиман Каба“ во село Љуботен, општина Бутел си го ризикуваат здравјето поради лошите услови во објектот. Како што велат наставниците, училиштето е изградено пред 80 години е на работ да се урне. Речиси не исполнува никакви услови за наставниот процес.

Advertisements

„Најпроблематични се условите во двете училници во кои се следи настава во подрумот, имаат влага. Влагата е проблем кој може да предизвика и болест кај учениците. Тоа е сериозен проблем, речиси над 20 или 30 години, а бројот на ученици е зголемен… Тоа е проблем и за наставниците, но особено за учениците кои учат во такви услови кога ни дишењето не е како што треба“, рече Ислам Зендели, наставник.

„Немаме кабинет по ниту еден предмет. Сами ги создаваме условите. Интернетот е слаб, некогаш е добар, а некогаш слаб. Смарт таблите понекогаш работат, понекогаш не. Ги немаме во сите училници затоа што се префрламе од паралелка во паралелка, такви се условите. Како што гледам, веројатно ќе се пензионирам со овие проблеми бидејќи нема промена веќе 20 години“, изјави Ѓилере Идризи, наставничка.

Педагогот Сенат Салиу рече дека најпогодени во овој случај се учениците од прво одделение. Исто така, според него, немањето спортска сала предизвикува стагнација во развојот на децата.
„Шестгодишните ученици се принудени да доаѓаат на училиште во 7 часот во текот на целата година поради немање објект за следење на наставата. По патот, бидејќи има растојание од околу 2 километри до крајот на селото, учениците се соочуваат со многу опасности при одење до училиште, како што се кучињата-скитници. Без спортска сала и нивниот физички развој стагнира“, нагласи Сенат Салиу, педагог.

„Проблемот на училиштето е школската документација. Нашето училиште нема имотен лист, сè е запоставено во нашето училиште. Министерството за образование заедно со општината треба да реагираат и да го решат овој проблем. Не е проблемот од денес, туку со години“, изјави Ајфер Дибрани, директорка на о.у „Лиман Каба“, Љуботен.

Од општина Бутел велат дека веќе подготвиле проект за доградба на училиштето. Но, како што објаснуваат од општината, предметот веќе 2 години е заглавен во Министерството за финансии во Управата за имотно-правни работи.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button