Училиштата имаат уште два дена да се пријаваат за настава со физичко присуство
Алсат
07.09.2020 15:55
Училиштата имаат уште два дена да се пријаваат за настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение. Протоколот предвидува дека организирањето на наставата во училница е можна само ако има 20 или помалку ученици. Директори на одредени училишта со кои контактиравме рекоа дека ја подготвуваат наставната програма во согласност со просториите со кои располагаат.
Директорот на ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, каде има над 1 илјади ученици, вели дека сите паралелки ги исполнуваат условите за започнување на настава со физичко присуство.
„Почнувањето на настава од четврто одделение, не претставува никаква тешкотија затоа што во секое одделение ќе има по 20 ученици, само во една паралелка ќе има 21. Во петто одделение ситуацијата е иста како во сите други паралелки. Ова значи дека постојат можности да се создадат услови за одржување на наставата со физичко присуство“, рече Мустаф Ебиби, директор на О.У „Бајрам Шабани“- Куманово.
Училиштето „Братство Единство“ во Охрид со околу 900 ученици, исто така, поднесе барања за започнување на настава со физичко присуство, од прво до деветто одделение.
„Во 64 паралелки, генерално се по 15 ученици, тоа е училиште кое претходно имаше повеќе деца. Ова значи дека сега постојат услови наставата да се реализира со физичко присуство“, рече Џемал Мехмет- директор на О.У. „Братство Единство“- Охрид.
Од Министерството за образование велат дека здравјето на учениците ќе биде примарно.
„Комисијата ќе одлучи во рок од 7 дена врз основа на исполнување на критериумите и условите, а потоа ќе доставува предлог до Владата за давање согласност за организирање на наставата со физичко присуство на ученици во училиштето“, наведуваат од Министерството за образование.
Од ова министерство велат дека околу 300 училишта во земјава со мал број ученици имаат услови за настава со физичко присуство, но конечниот список ќе биде доставен до специјалната владина комисија до 10 септември. Новата учебна година ќе започне на 1 октомври.
Аднан Ќаили