Училиштата може да останат без наставници по математика

Недостигот од наставници по математика и природни науки се чини дека го загрижува секое основно училиште. Фадил Шеми, наставник по математика во основното училиште „Дитурија“ во Липково, за Алсат вели дека има сè помалку колеги кои предаваат природни науки. Според него, губењето на интересот за предметот е фактот дека не се цени наставничката професија, но и ниските плати.
„Еден од факторите кои влијаат е финансиската страна. Ако наставникот по математика целиот час го води пред табла, а другите предмети се многу поатрактивни, тогаш идните генерации ги гледаат работите и избираат што е полесно. Или треба да се намали бројот на часови, затоа што за наставник 20 часа се премногу во споредба со другите предмети. Не сакам да потценувам ниту еден друг предмет, но ако имам шест часа во еден ден, многу ми е тешко и врз основа на тоа за да бидам ефективен, според мое мислење, треба четири часа на ден, но не пет дена“, вели Фадил Шеми, наставник по математика.
И покрај тоа што некои од учениците имаат талент за математика, во иднина не се гледаат себеси како наставници. Многу ученици уште од основно размислуваат да ја напуштат државата и да заминат во странство каде очекуваат да бидат повеќе ценети.
„Многу го сакам овој предмет, но во иднина не се гледам себеси како професорка по математика. Математичкиот факултет е многу тежок, наставникот има многу активности на час, но тоа не се цени.“
„Во нашето училиште како паралелка имаме четири часа неделно математика. Но, како ученик следам и курс по математика за да научам повеќе бидејќи е малку тешко.“
„Минатите години беше полесно, но сега ми се чини дека почна да станува потешко. Не верувам дека кај нас училиштето е доволно ценето. Работите подобро се ценат во странство надвор од Балканот. Каде би живеела на пример? Во Австрија, Швајцарија, Германија“, велат учениците.
На Универзитетот Свети Кирил и Методиј во учебната 2023/24 година се запишаа само 22 студенти по математика. На Државниот универзитет во Тетово 17, а на Универзитетот Гоце Делчев во Штип само 6.
Мелихате Рустеми