ВЕСТИРЕГИОН

Училиштата на северот на Косово нема да работат, премините Јариње и Брњак сѐ уште затворени

Премините Јариње и Брњак на северот на Косово се уште се затворени и за пешаци и за сообраќај, а единствениот премин е преку Мердар. Од Јариње до Звечани има неколку барикади, а најмногу луѓе има на барикадата кај Рударе, кај крстот, каде сообраќајот од Звечани кон Приштина е целосно блокиран. Барикада е поставена и на патниот правец Митровица – Зубин Поток, кон точката Брњак. Како што е најавено, училиштата на северот на Косово денеска нема да работат.

Advertisements

Она што беше споменато во текот на денот, дека припадниците на косовските полициски сили насилно ќе ги тргнат барикадите, не се случи. Косовскиот премиер Албин Курти претходно о повика КФОР да ја гарантира слободата на движење, наведувајќи дека „барикадите се организирани од криминални групи кои пукаат во косовската полиција и полицијата на ЕУЛЕКС“. Курти го посети кампот на специјалните сили и силите на косовската полиција во Јужна Митровица Во овој камп се сместени припадници на специјалните сили на косовските полициски сили кои го покриваат северот на Косово. Истовремено, владата на Косово соопшти дека возило кое го придружувало премиерот Курти синоќа имало сообраќајна несреќа на патот Приштина-Гњилане.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button