ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштата се подготвуваат за грејната сезона

Училиштата се подготвуваат за грејната сезона

Училиштата ги прават последните подготовки за почеток на грејната сезона. Во девет училишта на Општина Чаир, пет користат централно греење, додека останатите користат нафта. Од Секторот за образование на оваа општина за Алсат велат дека училиштата и градинките на оваа територија не ризикуваат да останат без греење и покрај некои заостанати долгови кон Топлификација.

Advertisements

„Дел од долговитњ се исплатени за системот за централно греење, бидејќи лани имавме проблем со намалувањето на некои блок дотации што ги направи Министерството за образование, имаме многу долгови. Општината со свој буџет директно интервенираше во отстранување на некои долгови од централниот систем, додека за греење со нафтениот систем е јавното снабдување, грејната сезона е обезбедена до 15 април, ниту едно училиште нема да има проблем во однос на снабдувањето со нафта и греење”, рече Ферди Бафтиу, Општина Чаир.

Од компанијата за снабдување со пареа и топла вода „Енерџи еколинк“, која ја замени поранешната грејна централа „Скопје-Север“, за Алсат велат дека ниту една од предучилишните и училишните установи нема да остане без греење и покрај заостанатите долгови кон оваа компанија. Од друга страна, градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, рече дека грејната сезона во трите училишни згради за прв пат ќе се направи со термално греење заменувајќи ја нафтата како што беше досега.

„Обезбедивме топлински пумпи за централно греење каде што во овој случај горивото повеќе нема да биде потребно како порано нафтата. Со ова напредување, мислам дека сега е моментот, покажаа висок квалитет за топлинските пумпи за централно греење и овие три објекти на општинско ниво оваа година ќе започнат со овој начин на греење и тоа несомнено ќе биде голема заштеда за училиштата и се надевам дека тоа ќе продолжи и за другите објекти во иднина“, рече Ридван Ибрахими, градоначалник на Општина Арачиново.

Ибрахим рече дека заштедените средства од греењето ќе бидат искористени за нови инвестиции во училишните објекти. Регулаторната комисија за енергетика веќе најави дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 година и завршува на 15 април 2025 година./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button