ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштата стравуваат од студени училници зимава

Дел од раководствата на основните и средни училишта во државата стравуваат како ќе ја поминат зимата поради повисоките сметки за струја. Високи се и цените за греење на нафта. Алтернативата којашто уште отсега училиштата не би сакале да ја видат е наставата да се префрли онлајн, односно од дома.

Advertisements

„Имаме преземено веќе мерки. По ребалансот на општинскиот буџетот имаме пренамена на дополнителни средства за електрична енергија и нафта за греење…“, рече Бесиме Јонузи-директорка на гимназија Ибраим Темо.

„Во никој случај не би требало во студените месеци училиштата да бидат затворени и треба да се отфрли идејата за онлајн настава бидејќи со ковид ситуацијата повратните резултати од онлајн наставата беа разочарувачки“, вели Јордан Пуроски-директор на ОУ Св. Климент Охридски

Министерот за образование, денеска при посетата на училиштата во Струга, рече дека побарал од раководствата да се штеди струја. Сепак, според него, не се разгледува можноста за евентуално порано да стартува зимскиот распуст или пак во тој период наставата да биде онлајн.

„…Јас како министер сум за тоа училиштата секогаш да се отворени со физичко присуство бидејќи знаеме кои се придобивките од настава со физичко присуство. Од почетокот на наредната недела ќе имаме средба со Економија и Финансии и другите кои се надлежни за енергетиката, за да дискутираме како оваа проблематика најдобро да се изменаџира…“, рече Јетон Шаќири-министер за образование.

Инаку, во просек, во зависност од големината, училиштата трошат по неколку илјади евра за греење во сезоната, плус сметките за струја.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button