ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштата во Чаир со над 1000 ученици –настава во една смена е невозможно

Училиштата во Чаир со над 1000 ученици –настава во една смена е невозможно

Во одредени скопски општини, училиштата се преполни со ученици, што го оневозможува изведувањето на наставата во една смена. Во општина Чаир речиси сите основни училишта имаат над 1.200 ученици и покрај тоа што капацитетот на овие објекти предвидува спроведување на образовниот процес со околу 700 ученици. Од општина Чаир соопштија дека наскоро се очекува да започне изградбата на нова училишна зграда на локацијата каде што веќе работи ОУ „Иднина“ со ресурсен центар.

Advertisements

„Всушност, ќе се изградат два објекта, едниот ќе биде за училиштето „Иднина“ и посебен објект што ќе биде ново основно училиште во Чаир што мислиме дека малку ќе им олесни на училиштата „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“ и учениците ќе се запишуваат во ова ново училиште, но мислам дека нема целосно да го реши проблемот со пренатрупаноста на училиштата. Бидејќи проблем имаме и во училиштето „Хасан Приштина“ каде имаме бројка од над 1.200 ученици, како и во училиштата „Адем Јашари“ и „Лирија“ со приближно илјада ученици, сите училишта во општина Чаир имаат многу ученици, а училниците и просториите се проблематични“, рече Ферди Бафтиу, одговорен за образование, Чаир.

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека најпроблематична е ситуацијата во општините Кисела Вода и Аеродром каде што процесот се одвива со позабавено темпо. Според Јаневска, во моментов Министерството за образование работи на проект кој ќе опфати над 100 училишта во кои се потребни интервенции за проширување на објектите.

Јаневска најави и дека во 141 училиште во земјава наставниот процес сега се одвива во една смена./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button