Училиштата во Тетово, небезбедни во случај на пожар
Училиштата во Тетово, небезбедни во случај на пожар

Вонредните инспекции во Тетово открија дека 70 проценти од основните и средните училишта не се безбедни во случај на пожар.
Во потешка ситуација и без никакви услови за заштита од пожар, е основното училиште „Истигбал“ во Тетово. Истото, не само што има само еден противпожарен апарат со истечен рок, туку хидрантите се сите искршени и нефункционални. Директорот на општинскиот инспекторат, Арменд Салихи, за Алсат рече дека до петок контролите ќе продолжат, по што ќе биде направен извештај и доставен до општината за понатамошни мерки.
„Во некои основни училишта се соочивме и со недостаток на план за евакуација, а заедно со колегите ќе составиме записник и конечниот извештај ќе го имаме на крајот на неделата. На директорите им даваме предлози за зајакнување на безбедноста во училишните простории, контрола влез-излез, планови за итни случаи и друго“ – Арменд Салихи, Раководител на Општински инспекторат Тетово.
„Како главна база која објектите треба да ја имаат се внатрешните и надворешните хидранти, противпожарната опрема и знаците за евакуација, но и скалите за евакуација кои се неопходни. Во училиштата кои се постари, наидовме на многу недостатоци, но ќе го составиме записникот и на крајот ќе излеземе со извештај“ – Мухамет Хавзија, Дирекција за заштита и спасување.
Проблеми има и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Ова средно училиште, кое е меѓу најголемите во Тетово, немаше функционални хидранти, но и планови за евакуација. Некои хидранти дури беа заклучени и со катанец и не се отвораа.
„Како што можете да видите, ние сме во гимназијата и тука има многу стар хидрантски систем. Училиштето мора да ги поправи и сервисира хидрантите, бидејќи тие се добри за итни случаи. Цевката треба да се сервисира и да се замени, бидејќи вакви цевки нема веќе, и не ги исполнуваат стандардите бидејќи се премногу стари“ – Авни Амети, началник на ТППЕ, Тетово.
По составување на извештајот за бројните недостатоци и безбедноста која е речиси „нула“, во основните и средните училишта, се очекува Општина Тетово да биде вклучена во финансиска помош за нивно регулирање.