ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиште во Сарај порано имало 250 ученици, сега само 1

Училиште во Сарај порано имало 250 ученици, сега само 1

Хабибе е единствената ученичка во приградското училиште „Емин Дураку“ во село Раовиќ, општина Сарај. Таа учи во трето одделение. И покрај тоа што во одделението нема други деца, вели дека има голема желба за учење. Школски пријатели ѝ се наставниците.

Advertisements

Кога почнавме во прво одделение, бев јас, една другарка и три момчиња. Колку бевте вкупно? Десет ученици. Каде отидоа? Заминаа во друго село. Сихана ми беше блиска пријателка. Не сте ја виделе повторно? Не. Дали има нешто што ви недостасува на училиште? Не, нема. Што ако има повеќе деца, како би било? Полошо, бидејќи би ми пречеле да учам. Дали кога ќе излезеш од училиште си играш со некого? Не, си одам дома, си ја пишувам домашната задача, учам“, рече Хабибе, ученичка.

Во класот каде што учи Хабибе, наставничката и училишниот домаќин се обиделе да ги обезбедат сите услови за ваква специфична настава и да ѝ направат работна атмосфера.

„Ова го правам со задоволство, иако е една ученичка, го правам со задоволство. Ова село порано имаше многу население. Во 7 часот го отворам училиштето, го затворам во 11, тогаш завршува наставата. Го палам ќумбето, времето е добро, но сепак е студено. Тука имаше многу ученици. Во мое време имаше околу 260 ученици, сега остана само еден. Заедно доаѓаме, заедно си одиме, останавме само двајца, таа е многу талентирана, одлична ученичка“, изјави Мухамед, домаќин на училиштето.

Директорот на централното училиште во село Буковиќ, признава дека бројот на ученици се намалува. Сепак, вели дека на единствената ученичка во Раовиќ ништо не ѝ недостига кога е во прашање реализацијата на наставната програма.

„За жал, во изминатите две години голем број ученици се иселија и останавме само со еден ученик. Имаме наставник од одделенска група кој оди секој ден и ја одржува наставата. Имаме и професор по англиски јазик и физичко. Сите обврски и права што таа ученичка треба да ги има во ова училиште, ги има и таа таму“, нагласи Шефајет Даути, директор на ОУ „Емин Дураку“ село Буковиќ.

Во ова училиште, заедно со другите три периферни училишта во селата Арнакија, Чајлане и Раовиќ, има 647 ученици. Но, само последниве две години нивниот број се намалил за над 20 деца. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученици во сите основни училишта во земјава изнесува 185.099, што претставува намалување за 0,8% во однос на претходната година./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button