ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет во фокусот на најавените реформи во судството

Судскиот совет во фокусот на најавените реформи во судството

Во исчекување на резултатите од планот на премиерот Христијан Мицкоски за судиите и обвинителите кои случајно или не го „заробија“ правосудниот систем, Весна Дамева, првиот човек на Судскиот совет, поднесе оставка. Станува збор за главниот орган кој меѓу другото избира и разрешува судии.

Advertisements

Судскиот совет е во фокусот на најавените реформи на Владата на Мицкоски, која не успеа да го спроведе планот за негово целосно распуштање. Експертите и меѓународниот фактор алармираат дека овој чекор би претставувал директно мешање во судската власт.

Дамева, за разлика од претходно кога изјавуваше дека политиката интервенирала во Судскиот совет, денеска со име и презиме ги спомена премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, цитирајќи делови од неговото последно интервју за Алсат. Според Дамева, целта на реформите во судството од страна на власта е да се заменат сегашните членови со луѓе блиски до нив.

Но, Дамева, во времето кога распуштањето на Судскиот совет беше главна тема во земјава, се сретна со премиерот Мицкоски. Потоа со помеки тонови побара соработка со извршната власт.

Критиките на Мицкоски и Милошоски дојдоа по најавата на Дамева да си го продолжи мандатот за 8 месеци, колку што бешее надвор од функцијата поради разрешувањето од претседателската функција.

Впрочем, отказот беше еден од моментите по кои најмногу ќе се памети Дамева. Имено, во ситуација оркестрирана од тогашниот потпретседател на Советот Селим Адеми, разрешена е Дамева, за да се спречи разрешувањето на Енвер Беџети, кој случајот против Сашо Мијалков за масовното прислушување „Тврдина-Таргет“ го чуваше во фиока. По разрешувањето, таа имплицираше дека тоа е политички мотивиран.

Експертите и меѓународниот фактор разрешувањето го нарекоа незаконски. Таа го доби случајот пред Управниот суд и беше вратена во јануари годинава.

Дамева е критикувана и за врските со СДСМ, откако беше споделена фотографија на која беше присутен и поранешниот премиер и лидер Зоран Заев, но од СДСМ ја демантираа врската со Дамева откако според нив, таа на настанот учествувала само како експерт, а не како член на партијата./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button