СПОРТ

УЕФА се откажа – Нема да ги тужи Реал, Барса и Јувентус

„По одложувањето на судењето против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид, поврзано со можно прекршување на правилата на УЕФА во врска со таканаречената„ Супер лига “, жалбеното тело на Европската фудбалска унија ја отфрли тужбата“, се вели во соопштението.

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја отфрли тужбата против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои сѐ уште се во проектот за европска Супер лига.

Судот во Мадрид донесе одлука УЕФА да ја прекине постапката, а европската фудбалска организација одлучи да го стори тоа во понеделникот.

Лидерите на УЕФА проценија дека инсистирањето на продолжување на судењето ќе биде контрапродуктивно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button