ВЕСТИСПОРТ

УЕФА со строги правила кон пандемијата на Ковид 19


Според хрватските медиуми, кои цитираат извори од Хрватската фудбалска федерација, Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, планира строги мерки во врска со пандемијата „Ковид 19“. Ако некој фудбалер или член на тимот е заразен од корона вирус, тогаш тој тим автоматски се елиминира од натамошните европски натпреварувања. УЕФА ќе бара клубовите да имаат максимална дисциплина, минимизирајќи ги контактите на фудбалерите надвор од терените и ќе бара целосна изолација на фудбалерите кои треба да бидат концентрирани на тренинзи и натпревари. Силекс ќе биде првиот тим од Македонија што ќе ги направи тестовите за квалификациските натпревари од Лига на шампионите на 18 или 19 август. Шкендија, ФК Шкупи и Ренова, кои се натпреваруваат во Лига Европа, ќе бидат тестирани пред нивните дуели на 27 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button