Угинати риби во Дебарското Езеро

Еколошка катстрофа деновиве му се случува на Дебарското езеро. Со излевање на мазут во езерските води има угинати птици и риби. Поради тоа од Спортско риболовното друштво Трофта, бараат надлежните институции да ги утврдат причините и да преземат мерки. Велат дека го одложиле денешното планирано порибување на езерото со 600 килограми крап, за да не се случи негов помор.
„Овие денови сме сведоци дека Дебарското езеро е близу до еколошка катастрофа, бидејки кај местото Венец,има излевање најверојатно на мазут. Ова е голем проблем, бидејки може да ја уништи флората у фауната во езерото. Бараме од државниот инспектор да ги утврди причините.Ова што се случува оваа година, не е само сега, туку две три години. Истиот случај беше во истиот период од годината во март месец.Мислиме дека доаѓа од фабриката близу езерото, но треба тоа да го утврдат државните инспектори“.
Од фабриката Кнауф велат дека тоа што се влеза во езерото и за нив било изненадување.Ја следеле состојбата.
„Ние работиме со мазут 21 година, но ниту еден инцидент досега не сме имале и сме заинтересирани за зачувување на животната средина. Доколку се утврди дека за овој еколошки инцидент е виновен Кнауф, ние ќе ги сносиме сите трошоци за опоравување на животната средина.Но и доколку се потврди дека Кнауф, не е виновен повторно ќе учествуваме во враќање на првобитна состојба на животната средина“.
Од државниоот инспекторат за животна средина за Алсат рекоа дека по добиената пријава излегле на терен со претставници на полицијата.
„Во координација со надлежен Државен инспектор за животна средина, утврдени се локации на кои се земени мостри- од шахти на канализацијата и од самото езеро. Примероците се дадени на анализа. Се работи на откривање на местото од кое се излеал мазутот“.
Градоначалникот Хекуран Дука телефонски за Алсат рече дека бараат под итно да се реши случајот, да се утврди причината и да се најде виновникот.
„Кога ќе се утврди виновникот ќе се преземат сите законски мерки. Очекуваме наскоро да ги добиеме резултатите од направените анализи“.
Инаку случајот бил пријавен во петокот, кога на терен излегле МВР и инспектори по животна средина.Случајот од страна на полицијата бил пријавен и во Јавното обвинителство.
Miki Trajkoski