ЕКОНОМИЈА

Угостителите од Охрид и Струга се противат на рестриктивните мерки за рестораните

Враќање чекор назад. Вака угостителскиот еснаф од Охрид и Струга ги оценува новите мерки на Комисијата за заразни заболувања и Владата, кои се однесуваат на работатa на угостителските објекти. Велат дека во време кога туристичката сезона беше далеку послаба од ланската и во регионот немаше речиси ниту еден странски турист, а остварените приходи беа многу помали од лани, ваквите мерки само дополнително негативно ќе се одразат врз нивното работење.

Advertisements

„.Со ова ќе ни се создаде дополнителен проблем, бидејќи кај луѓето ќе постои негативно мислење, дека ете има нешто. Наместо ние да разговараме што понатаму, ние се враќаме назад. Не може поради три-четири угостителски објекти во Македонија, цената да ја платат сите угостители“, рече Илкер Гаваз-сопственик на угостителски објект од Струга.

Некои од угостителите се надеваат дека барем нема да дојде  до намалување на работното време на објектите, затоа што деновиве се појавија и информации и за можно скратување на нивното работење до 22 часот.

„Периодот кој се случи во март, можевме некако да направиме дополнителни напори уште два-три месеци, чекавме да почне сезоната, за да ја истуркаме. Но сега пред нас имаме девет месеци. Особено за вакви помали туристички места, каде функционираат тие три или четири месеци. Така што, тоа ќе значи целосно колапс на сите објекти“, рече Ерхан Су-кластер за туризам во Охрид и сопственик на угостителски објекти.

Су вели дека треба да се земе во предвид и фактот што ниту еден кластер со корона вирусот, во овие четири месеци не произлезе од угостителските објекти. Владата вчера ги прифати рестриктивните мерки на Комисијата, со кои не е дозволено гостување на пејачи, музички групи, диџеи во угостителските објекти. Исто така се ограничува максималното ниво на бучава на 55 децибели. Се ограничува и дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button