ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Угостителите ветуваат повисоки плати, откако останаа без кадар

Угостителите ветуваат повисоки плати, откако останаа без кадар

Угостителите во Струга и Охрид и ова лето недостатокот на кадар ќе го надополнуваат со средношколци и пензионери, бидејки само мал дел од најавените илјада странски работници од Непал и Бангладеш во моментот работат на ривиерата. Некои иако дојдоа со големи очекувања, предвреме без најава си заминаа на други дестинации низ Западна Европа.

„ Трошоците за еден вработен од трети земји чини од 1000 до 1200 евра,Значи сместување, храна,плата, осигурување.Можеби е подобро да ги инспирираме домашните вработени, тие 1000 евра да им ги дадеме нив па да пробаме“, рече Ерхан Папранику-сопственик на хотел.

Папранику вели дека решението не е во ангажирање на работници, кои не го знааат јазик и тешко ќе се адаптираат во средината.

„Се обидовме да добиеме персонал од агенциите кои носат работници од Филипини.,Непал.Уште од април се обидуваме, сега ќе донесат, утре ќе донесат, но ние од странство не добивме персонал, иако ги прифативме сите нивни барања. Да платиме провизија на фирмата која ги носи, сместување, спиење, храна три пати на ден и плата по договор, стандардна плата. И тие би дошле за 600 евра. Повеќето бараа работата да не е сезонска“, додаде Даница Бачева-сопственичка на угостителски објект.

Бачева додава дека до кадар многу тешко се доаѓа и оти и тие кои ги наоѓаат не се стручни.

Веќе неколку годни, илјадници млади па и цели фамилии секое лето заминуваат на хрватското приморје да работат во некои од тамошните хотели или ресторани. Интересот секоја година е се поголем.Само ова лето работни дозволи за работа во Хрватска добиле речиси 14.000 македонски граѓани./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button