ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителските објекти поради ниските плати, останаа без персонал

Летната сезона го исцрпи персоналот во угостителските објекти во земјата. Крајбрежните места во регионот се дестинациите од каде заминуваат голем број келнери, готвачи, угостителки персонал. Во Хрватска, Албанија, Грција и Црна Гора илјадници млади луѓе работат сезонска работа во текот на летото за поголема плата во споредба со она што го добиваат тука во текот на целата година. Многу домашни угостителски капацитети останаа полу искористени во шпицот на сезоната поради недостаток на персонал.

Advertisements

Угостителите велат дека по пандемијата цените се зголемија исто како и кај сите останати бизниси, како што се киријата, платата за работниците, транспортот на стоки и електричната енергија. Од Независната комора на угостители велат дека треба да се зголеми куповната моќ и потрошувачката за да се стабилизираат платите во овој сектор и да се нормализираат цените на услугите.

Граѓаните не дека се откажуваат од зависноста од кафе, но се жалат дека веќе не се исплаќа да се нарача кафе во угостителски објекти. Во центарот на главниот град едно еспресо чини 90 денари, ако нарачате и флаширана вода, тогаш треба да платите дополнително уште 110 денари. Газиран пијалок чини 150, сок од портокал 180 денари, а да не зборуваме за цените на храната во рестораните, кои граѓаните ги посетуваат само за посебни пригоди.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button