УХМР: Наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време, а температурата на некои места се очекува да се искачи и над 40 степени
УХМР: Наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време, а температурата на некои места се очекува да се искачи и над 40 степени

Од УХМР денеска информираа дека во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време, а температурата на некои места се очекува да се искачи и над 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури
Институтот за јавно здравје препорачува во текот на овие денови, кога се најавува сончево и многу топло време, граѓаните постојано со себе да носат шише со вода, да бидат облечени во светла, лесна и комотна облека, главите да им бидат заштитени со капа, шешир или со чадор. Од ИЈЗ исто така велат дека треба да се јаде овошје и салати, да не се јаде топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, како и да се избегнува пиење на алкохол, кафе, чај.
Во препораката од ИЈЗ се вели дека граѓаните треба да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, а туширањето да биде со посвежа или млака вода.
Активностите на отворено, треба да бидат во поладни периоди од денот, пред 11 и по 17 часот./Алсат.мк
Ајнур Бафќари