СВЕТ

Укинати граничните контроли меѓу Бугарија и Романија

Граничните контроли меѓу Бугарија и Романија денска и официјално се укинати по шестмесечна транзиција во спроведувањето на Шенгенскиот договор.

Advertisements

Со ова завршува преодниот период на зголемени внатрешни гранични контроли, кои останаа во сила шест месеци по нивното пристапување во Шенген зоната по копно на 1 јануари 2025 година, објавува порталот „Новините“.

Привремениот граничен режим беше резултат на постигнатиот договор со Австрија, која првично се спротивстави на целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген, а како компромис, Австрија побара контролите на заедничката граница да бидат продолжени за половина година, дури и откако двете земји добија пристап до Шенген зоната по воздушен и морски пат на почетокот на годината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button