Укинувањето на „балансерот“ ги дебалансира меѓуетничките односи

Укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд во октомври ја заостри националистичката реторика и поттикна говор на омраза на социјалните мрежи. Политичките фигури, како и активистите и граѓаните, фрлија гнев врз механизмот кој ја балансираше застапеноста на етничките заедници за време на вработувањето во администрацијата.
„Ја имаме македонската страна која ги обвинува Албанците дека наводно преку балансерот ја направиле држава своја, дека вработуваат неспособни луѓе, со ова се албанизира Македонија…Сепак, имаме и говор на омраза во рамките на етничката припадност на политичка основа помеѓу претставниците на опозицијата и власта, всушност помеѓу симпатизерите на опозицијата и власта кои упатуваат меѓусебни обвинувања за велепредавство, кој е патриот и кој е предавник, кој е повеќе Албанец или Македонец од другиот. Овој говор на омраза во политички контекст ја загрозува социјалната кохезија во Северна Македонија“, рече Петрит Сарачини.
Но, според анализата на Центарот за управување со промени, проблемот со неквалитетот во администрацијата не е резултат на етнички вработувања, туку поради партиски вработувања.
„Балансерот“ не е единственото прашање што ги наелектризира меѓуетничките односи, според Хелсиншкиот комитет, говорот на омраза на национална и етничка основа преовладува во текот на целата година.
Според Сарачини, медиумите, особено на нивните страници на социјалните медиуми, треба да ги модерираат дискусиите и да не дозволат ширење говор на омраза. Здравева, пак, го повика Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и Агенцијата за медиуми да ги зајакнат своите активности во спречувањето и борбата против говорот на омраза. Особено ако ги земеме во предвид фрапантните податоци дека 91% од евидентираните инциденти се случуваат врз основа на етничка припадност. Говорот на омраза врз етничка основа достигна врв, особено во политички мотивираните случаи како настаните на Скопското кале во 2012 година, Проектот Скопје 2014, крстот Бутел, тепањето во автобуси, протестите во Ѓорче Петров, за време на фудбалските натпревари, донесувањето на законот за употреба на јазиците, уставните измени за промена на името на државата итн.
Семра Мусаи