СПОРТ

Украина ги промовираше новите дресови, на нив и Крим!

Репрезентацијата на Украина ги промовираше новите дресови за „ЕВРО 2020“ и испрати провокација до Русија. Новиот дрес ја покажува државната мапа, на која е и Крим, што предизвика силни реакции од Русија. Покрај картата, тука е и натписот „Победа за Украина“. Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко изјави дека овој натпис е само за да ги мотивира фудбалерите. Членот на Спортскиот комитет на Русија, Дмитриј Свишчев, истакна дека ова е само политичка провокација и побара реакција на организаторите. Инаку, Русија ќе биде домаќин на четвртфиналниот предизвик на ЕВРО 2020.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button