СВЕТ

Украина ќе продава обврзници за финансирање на вооружените сили

Украинската влада соопшти дека од денеска планира да продава обврзници за да ги плати своите вооружени сили додека ја бранат земјата од руската инвазија, јави Би-би-си.

Advertisements

Министерството за финансии на Украина соопшти дека секоја едногодишна обврзница ќе има номинална вредност од 1 000 украински гривни (24,80 фунти; 33,27 долари), а каматната стапка што ќе им се нуди на инвеститорите „ќе биде одредена на аукцијата“.

„Приходите од обврзниците ќе бидат искористени за задоволување на потребите на вооружените сили на Украина“, се додава во објавата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button